16-меѓународни денови на активизам против насилство врз жените
По повод одбележувањето на 16-меѓународни денови на активизам против насилство врз жените, активисти на СЕМПЕР организираа дистрибуција на информативно едукативен материјал за пошироката јавност, на плоштадот ,,Магнолија” во Битола.
Целта беше да се подигне свеста за постоењето на проблемот на семејното насилство врз жените кој од година во година станува се повидлив, но и повик до надлежните институции за превземање на соодветни мерки за поголема заштита на жртвите од насилство, во согласност со европските стандарди.