ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА НА ТЕМА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА НА ТЕМА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

По повод Неделата за борба против трговија со луѓе од 2-9 Декември  Здружението ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ СЕМПЕР оваа година со повеќе активности. Покрај дистрибуцијата на еинформативно едукативниот материјал кој се дистрибуира на пошироката јавност на Битола на отворен штанд во ,,Безистен” за време на цела недела, беше организирана и ликовна изложба на тема ,,трговија со луѓе “.

За ликовната изложба беше објавен награден конкурс на кој учествуваа ученици од основните и средните училишта во Битола. За конкурсот од пристигнати над 100-тина творби беа наградени 3 (прва втора, трета) од основни и  средните училишта. Изборот беше направен од стручна комисија составена од ликовни педагози и претставник од СЕМПЕР, и  истите беа изложени во ,, Магазата” кога и се доделелија наградите за најдобрите творби. Целта на оваа активност беше да се поттикнат  учениците на  креативен начин да го прикажат проблемот на трговија со луѓе и во интеракција со своите врсници разменат повеќе информации за проблемот. Со тоа се очекува дека ќе се подигни свеста кај младите за самиот проблем кој за жал е присутен и кај нас. Исто така здружението СЕМПЕР е вклучено во националната кампања  под мотото ,,Пресече те ги конците на трудовата експлоатација и трговијата со деца во Македонија “ , во организација на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и Центарот за институционален развој – ЦИР а, во која се вклучени и граѓанските организации  ,,Отворена Порта” од Скопје, Црвениот крст на Македонија, ,,Езерка” од Струга и ,,Еднаков пристап” од Скопје. Кампањата  е поддржана од Германското друштво за меѓународна соработка во Македонија (ГИЗ).

Comments are closed.