Проблемот на трговија со луѓе и мерки за превенција

Проблемот на трговија со луѓе и мерки за превенција

Граѓанската иницијатива за еднакви можности СЕМПЕР од Битола во рамките на проектот: ,,Јакнење на капацитетот на локалните коалиции за борба против трговија со луѓе” на 15-ти  и 16 ти   Септември 2006 год. во х.Епинал организира два еднодневни семинари за Комисиите за еднакви можности помеѓу жените и мажите од девет градови од Р.Македонија и тоа од: Битола, Прилеп, Струга, Кавадарци, Kочани, Штип, Пробиштип, Дечево и Кривогаштани. Во рамките на проектот покрај Коалициите како целна група се вклучени и 10 -те Комисии за еднакви можности момеѓу мажите и жените кои функционираат во рамките на единиците на Локалната самоуправа.

 

Комисиите како постојани тела во Локалната самоуправа во која членуваат претставници од Советите на Општините каде се формирани комисиите се и директни учесници во креирањето на локалната политика , така да се очекува  тие да придонесат во превенцијата преку директно учество при подготовка на одредени програми на локално ниво кои ќе се однесуваат на проблемот – трговија со луѓе.

Во рамките на програмата  беа презентирани следните теми:

– Родовиот концепт на трговијата со луѓе и мерки на превенција;

– Презентација на Националната стратегија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и ефектите од нејзината имплементација;

– Надлежноста на Министерството за надворешни работи во сузбивањето на трговијата со луѓе;

– Улогата на јавниот обвинител во борбата против трговијата со луѓе и Локалната Коалиција зо борба против трговија со луѓе.

– Претставување на Националниот механизам за упатување на жртви од трговија со луѓе;

На семинарот  свои излагања имаа претставници од Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Владата на Р.Македонија и тоа: Амбасдорот Љупчо Арсовски-МНР; М-р Зоран Филиповски,МВР; г-ѓа Санија Бурагева-МВР, Г-ца Елена Грозданова-МТСП, Д-р Павлина Јанкуловска-ОЈО Битола и г-ѓа Светлана Цветковска од канцеларијата на Националниот механизам за упатување на жртви од трговија со луѓе.

Како резултат од работата во текот на двата дена произлегоа следните предлози и заклучоци:

– Да се продолжи со континуирана едукација за проблемот на трговија со луѓе на членовите на Комисиите за еднакви можности;

– Да се интервенира до Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) за едукација на градочалниците за проблемот на трговија со луѓе и за значењето на  Коалициите за борба против трговија со луѓе и Комисиите за еднакви можности помеѓу жените и мажите;

– Да се изнајдат методи и начини за поврзување и  размена на информациите меѓу надлежните владини и невладини организации на  локално и национално ниво;

– Да се предлагаат локални програми за превенција од трговијата со луѓе до Советите на општините кои се во согласност со Националната стратегија и Акциониот план за борба против трговија со луѓе и илегална миграција;

– Изнајдување на соодветни начини за информирање и поддршка од Градоначалниците за реализација на превентивни активности за проблемот -Трговија со луѓе и илегална миграција;

– Да се формираат нови локални коалиции за борба против трговија со луѓе и тие мрежно да се поврзат;

– Да се продлабочи соработката помеѓу Коалициите за борба против трговија со луѓе  и Комисиите за еднакви можности помеѓу жените и мажите со  меѓусебно вклучување членови  во работењето на Коалициите и Комисиите;

– Да се актуелизира проблемот и да се иницира едукација во основните училишта и обука на наставниците, педагошко – психолошките  служби и  родителите.

Comments are closed.