Промоција на проект
На 9-ти Ноември 2006 год. во х.Премиер во Битола се реализира работната средба со цел да се направи промоција на проектот „Да помогнеме во процесот на реинтеграција на децата жртви од трговија со луѓе”, кој Семпер отпочна да го реализира од Октомври 2006 со 10 НВО од Р.Македонија и истиот ќе се реализира со Поддршка на Амбасадата на САД во Скопје.
На средбата беше претставена Програмата за ресоцијализација и реинтеграција на деца жртви од трговија со луѓе подготвена од Министерството за труд и социјална политика. На работната средба учествуваа претставници од Невладините организациии Центри за социјалмна работа од Охрид, Гевгелија, Кичево ,Скопје, Битола, Струга, Струмица и претставници од Министерството за труд и социјална политика Г-ца Елена Грозданова – раководител на одделението за еднаквост помеѓу половите при МТСП и Г- ѓа Светлана Цветковска- координатор на канцеларијата на Националниот механизам за упатување на жртви од трговија со луѓе. кои ја претставија Програмата за ресоцијализација и реинтеграција на деца жртви од трговија.