Работилница во Тетово
На 23.06.2006год. во ресторан “Електра” во Тетово, СЕМПЕР одржа еднодневна работилница со Коалицијата за борба против трговија со луѓе од Тетово со цел да се пренесе искуството од досегашната работа на Коалицијата од Битола и да се помогне во изработката на пропратните документи за работа на Коалицијата од Тетово (Протокол за соработка, Програма за работа и Деловникот за работа).
На 23.06.2006год. во ресторан “Електра” во Тетово, СЕМПЕР одржа еднодневна работилница со Коалицијата за борба против трговија со луѓе од Тетово со цел да се пренесе искуството од досегашната работа на Коалицијата од Битола и да се помогне во изработката на пропратните документи за работа на Коалицијата од Тетово (Протокол за соработка, Програма за работа и Деловникот за работа ).На работилницата се работеше интерактивно во групи и се изготви нацрт програма за работа на Коалицијата од Тетово, се разгледа деловникот за работа од Битолската Коалиција и Протоколот за соработка.Представниците од Коалицијата за борба против трговија со луѓе од Тетово изразија благодарност за пренесеното искуство на Битолската коалиција кое многу ќе им помогне во изготвување на нивните документи за работа.
Заклучок од средбата беше дека во перид од 15-20 денови по назначување на официјалните членови на Коалицијата да биде потпиешан Протокол за соработка и да бидат усвоени пропратните документи (Деловникот за работа и Програмата) кои беа и цел на еднодневната работилница со што би се исполниле условите за натамошно работење и непречено одвивање на активностите на Коалицијата за борба против трговија со луѓе од Тетово.