СЕМПЕР отпочна со реализација на проектот ,,Превенцијата како одговор на трговијата со луѓе”
Од Јануари 2013 година Здружението ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ,,СЕМПЕР” отпочна со реализација на проектот: ,,Превенцијата како одговор на трговијата со луѓе“. Проектот ќе се реализира со поддршка на Владата на Р.Македонија – Генерален секретаријат, во текот на наредните 6 месеци. Проектот има за цел да ги зголеми знаењата на учениците за проблемот на трговија со луѓе за активно вклучување како пиер едукатори во превенцијата од трговијата со луѓе:
• Да се охрабри, поддржи и унапреди соработката помеѓу локалните актери и НВО-и во справувањето со проблемот на трговијата со луѓе;
• Да се подигне јавната свест за проблемот на трговијата со луѓе ;
• Да се придонесe во имплементација на Националната стратегија и Акциониот план за борба против трговија со луѓе на Владата во Р.М и Локалниот Акционен план за превенција од трговија со луѓе на Општина Битола;
Проектот ќе се реализира на територијата на Општина Битола, во сите 10 основни училишта во Општина Битола и тоа: ОУ ,,Климент Охридски”, ОУ ,,Даме Груев”, ОУ ,,Елпида Караманди”, ОУ ,,Гоце Делчев”, ОУ ,,Тодор Ангелевски”, ОУ ,,Коле Канински”, ОУ ,,Кирил и Методиј”, ОУ ,,Стив Наумов”, ОУ ,,Ѓорѓи Сугарев” и ОУ ,,Трифун Пановски”