Шефот на одделот за владеење на правото при Набљудувачката мисија на ОБСЕ во посета на СЕМПЕР
На 21-ви Септемви Шефот на одделот за владеење на правото при Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје Г-дин Виктор Улом, Г-ца Моника Портиљо – Програмски Директор на Програмата против Трговија со Луѓе и Александар Лазовски – национален офицер за владеење на правото, беа во работна посета на СЕМПЕР.
Средбата беше одржана во просториите на СЕМПЕР и имаше за цел поблиско запознавање со работата на СЕМПЕР и активностите кои се реализираат во рамките на проектот ,, Јакнење на капацитетот на локалните коалиции за борба против трговија со луѓе’. За време на средбата се дискутираше за состојбата во однос на проблемот трговија со луѓе и криумчарење на мигранти во регионот на Битола за идните планови на СЕМПЕР како и за изнаоѓање на можности за продлабочување на соработката помеѓу ОБСЕ и СЕМПЕР во наредниот период.