Во Битола одбележан Европскиот ден против трговијата со луѓе
По повод Европскиот ден против трговијата со луѓе, Здружението ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ,,СЕМПЕР” со цел да придонесе во спречувањето на трговијата со луѓе и подигнување на јавната свест кај младата популација организираше трибина на тема – трговија со луѓе, на ден 18.10.2012 год. во 17:00 во Центарот за култура (мала сала).
На трибината учествуваа ученици од средните училишта во Битола и истата имаше за цел да се подигне свеста кај средношколската младина за проблемот на трговијата со луѓе и информирање на средношколците за опасностите и ризиците од овој вид организиран криминал. Европскиот ден за борба против трговија со луѓе во нашата држава се одбележува неколку години, односно од 2009 година откако Р.Македонија ја ратификувана Конвенцијата на Советот на Европа за борба против трговијата со луѓе.