Врсничка едукација за превенција од трговија со луѓе

Врсничка едукација за превенција од трговија со луѓе

Здружениетo ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ “СЕМПЕР” од  Битола нa 25-ти и 26-ти април во х.Премиер ги одржа последните две еднодневни обуки за врсничка едукација за превенција од трговија со луѓе за 38 ученици од 7-мо и 8-мо одделение од 19 основни училишта од  четири општини: Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар. Обуките се реализираат во рамките на проектот: “Вклучи се во превенцијата, трговијата со луѓе е реалност”, финансиран од Европската Унија и CFCD – Министерство за Финансии на Р.Македонија.Преку врсничка едукација на учениците од основното образование се очекува зголемување на капацитетот и знаењата на учениците за заштита од трговија со луѓе,  како и активно вклучување на учениците од основното образование како  Пиер едукатори во превенцијата од трговијата со луѓе.

Обуките за врсничка  едукација  беа  во траење од три дена за секоја група и истите  беа интерактивни и беа дизајнирани од страна на експерти од оваа област соодветно на нивната возраст. Со проектните активности ќе бидат опфатени и претставници од стручните служби и наставниот кадар од основните училишта. Проектот има за  цел да го зајакне капацитетот на образовните институции  за справување со трговијата со луѓе, подигнување на јавната свест за присутноста на проблемот и да придонесе во имплементација на стратешките документи во делот на превенцијата од трговија со луѓе преку медиумска кампања и  дистрибуција на информативен материјал.

Comments are closed.