СЕМПЕР отпoчна со реализација на проектот:„Заштита, подобрување, учество, едукација и информирање“ од програмата на Ерасмус+
Здружението за еднакви можности „СЕМПЕР“ од јануари 2017 год. како партнер организација отпoчна со реализација на проектот:„Заштита, подобрување, учество, едукација и информирање“ од програмата на Ерасмус+ кој е финансиски поддржан од ЕУ.
Проектот се реализира во партнерство 4 граѓански организации од Грција (The Smile of the Child,Ellinogermeniki Agogi Sholi Panag), Романија(Asociatia Drect), Бугарија (Nadja Centre Fondation) и Шпанија (Associacio Catalona de Formacio Polivalent Aplicada, Baobab).
Проектот ќе се реализира во основните и средните училишта на територија на Општина Битола. Проектните активности ќе се реалзиираат преку тренинг на наставниците од основните и средните училишта, работилници за ученици и родители и подготовка на информативно едукативен материјал (прирачник, лифлети, флаери и сл.).
Целна група на проектот се: наставниците, учениците, родителите и професионалниците од јавниот сектор со цел да се намали ученичкото насилство во училиштата.
Период на реализација на проектот е јануари 2017 – август 2019