Обука на тренери за училишно насилство во Шпанија
Во месец септември 2018г. во Санта Колома-Шпанија, членови на Здружението заеднакви можности СЕМПЕР – Битола присустваа на обука за тренинг на тренерипротив училишно насилство. Тренингот е дел од проектот „Заштита,Подобрување, Учество, Едукација, Информирање – Pr.E.P.E.I“- финансискиподдржан во рамките на програмата ЕРАЗМУС+.За време на 5 дневната обука, обучувачите со својата експертиза им овозможијана новите тренери од 5 европски земји (Македонија, Грција, Бугарија, Романија иШпанија) да станат независни тренери, да се стекнат со нови знаења и методи запревенција и спречување на училишното насилство, како и да разменат практичниискуства. Обуката вклучуваше теоретска рамка и конкретни практични активностикако превентивни мерки против училишното насилство.Проектните активности во периодот што следи предвидува одржување наедукативни средби на обучените тренери со ученици, родители, наставничкиот истручниот кадар од основните и средните училишта во Општина Битола, на кои ќебидат презентирани Прирачникот за училишно насилство и видео играта какопедагошки алатки за справување со феноменот на училишно насилство