Проекти 2015

Проект: „Локален одговор на трговијата со луѓе"
Период на реализација: Aвгуст – Декември 2015 год.
Поддржан од: Општина Битола
Цел: Зајакнување на капацитетите на претставниците од Локалната комисија за проблемот на трговија со луѓе и имплементација на Локалниот акциски план за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција.
Целна група:Директни корисници од овој проект се претставницитe од Локалната комисија за борба против трговија со луѓе, млади од Ромска националност, и пошироката јавност на Пелагонискиот регион.

Проект: „Погледни и препознај ја трговијата со луѓе преку слика”
Период на реализација: Јануари Јуни 2015 год.
Поддржан од: Влада на Р.Македонија, Генерален секретаријат
Цел: Зајакнување на капацитетите на наставниот кадар и учениците за проблемот на трговија со луѓе, имплементација на Националната стратегија и намалување на бројот на жртви во РМ.
Целна група: Проектот се реализираше во 3 општини на Пелагонискиот регион, Општините Битола, Могила и Новаци, односно во 12 основни училишта: ОУ ,,Климент Охридски”, ОУ ,,Даме Груев”, ОУ ,,Елпида Караманди”, ОУ ,,Гоце Делчев”, ОУ ,,Тодор Ангелевски”, ОУ ,,Коле Канински”, ОУ ,,Кирил и Методиј”, ОУ ,,Стив Наумов”, ОУ ,,Ѓорѓи Сугарев”, ОУ ,,Трифун Пановски”, ОУ “Славко Лумбарковски” и ОУ “Кочо Рацин”.

Проекти 2014

Проект: „Ропството е забрането, сите човечки суштества се слободни”
Период на реализација: Јануари 2014 год.– Јуни 2014 год.
Поддржан од: Влада на Р.Македонија – Генерален секретаријат

Проект: „Тишината не носи промена”
Период на реализација: Септември 2014 год. – Декември 2014 год
Поддржан од: Општина Битола.
Реализатор: Семпер во соработка со Комисијата за еднакви можности на мажите и жените.

Проект: ,,Вклучи се во превенцијата, трговијата со луѓе е реалност”
Период на реализација: Декември 2013 год. – Декември 2014 год.
Поддржан од: од Европската Унија врз основа на Грант Договорт помеѓу Здружение ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ “СЕМПЕР” - Битола и CFCD – Министерство за Финансии на Р.М.

Проекти 2013

Проект: ,,Зајакнување за унапредување на политиките /стратегиите за спречување на насилството врз жените”.
Период на реализација: Март- Мај 2013 год. .Поддржан од UN WOMN
Реализатор: Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство во која СЕМПЕР членува и беше вклучена како партнер организација.

Проект: ,,Превенцијата како одговор на трговијата со луѓе”
Период на реализација: Декември 2012 – Мај 2013 год..Поддржан од: Влада на Р.Македонија – Генерален секретаријат.

Проекти 2012

Проект: " Заедно против семејното насилство "
Период на реализација: Септември - Декември 2012 год.
Поддржан од: Општина Битола (Комисија за енакви можности на мажите и жените)

Проекти 2011

Проект: ,,16 меѓународни денови активизам против насилството врз жените”
Период на реализација: 25-ти Ноември до 10 –ти декември год.
СЕМПЕР Секоја година спроведува активности посветени против насилството врз жените. Активностите ги спроведува во партнерство со Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Битола и Националната мрежа ,,Глас против наслството врз жените и семејното насилство”.

Проект: „Информирај се и заштити се”
Период на реализација: Јануари – Мај 2011 год.
Проектот се реализира со поддршка на Владата на Р.Македонија – Генерален секретаријат.
Цел: Навремена превенција од трговијата со луѓе кај средношколската младина, преку информирање за проблемот на трговијата со луѓе. Проектот ќе се реализира на територија на Општина Битола, во сите 7(седум) средни училишта во Битола: Средно медицинско училиште Д-р ,,Јован Калаузи”, Средно општинско училиште ,,Таки Даскало”, Земјоделско училиште ,,Кузман Шапкарев”, Средно економско ,,Јане Сандаски”, Гимназија ,,Јосип Броз Тито”, Техничко училиште ,,Ѓорѓи Наумов” и средно Музичко училиште.
За време на проектот предвидени се следните активности: подготовка и дистрибуција на едукативен материјал (брошури, букмаркери) организирање на работилници и јавни трибини за темта ,, трговија со луѓе” и ТВ емисија.
Со овој проект директно ќе бидат опфатени 850 ученици, а индиректно 4000 лица, вклуќувајќи го наставниот кадар и пошироката јавност.

Проект: ,,Поголема информираност за навремена превенција” (поддржано од Влада на Р.М Генерален секретаријат).
Период на реализација: Мај – Декември 2011 год.
Цел: Навремена превенција од трговијата со луѓе преку едукација на учениците и стручните тимови од 12 основни училишта во Битола и битолско, и да го зајакни капацитетот на образовните институции за превенција од трговијата со луѓе.

Проект: "За насилството не треба да се молчи"(поддржано од Општина Битола).
Период на реализација: Септември – Декември 2011
Цел: Проектот имаше за цел едукација на месното население од урбаните заедници за проблемот на семејното насилство и мрките на заштита на жртвите од семејно насилство согласно законската регулатива во Р.Македонија и подигнување на јавната свест за присутноста на проблемот и правата на жртвите од семејно насилство.

Проект:,,Прекугранични локални партнерства за борба против трговија со луѓе во Р.Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина”
Период на реализација: Јануари 2010 - Декември 2011 год.
Цел: Да се придонеси во намалување на трговијата со луѓе во регионот, да се формираат Заеднички комитети за борба против трговија со луѓе и да се зајакни капацитетот на надлежните институции во справување со трговијата со луѓе.(поддржано од ЕУ). Проектот се реализира во партнерство со НВО Емануел Албанија, CISS Палермо Италија и Центар за човекови права Босна и Херцеговина.

Проекти 2010

Проект: Одбележување на „ Европски ден за борба против трговија со луѓе "
Период на реализација: Од 2010 до денес на 18 –ти октомври го одбележува Европскиот ден против трговијата со луѓе.
Реализатор: Семпер во партнерство со Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.

Проект: Одбележување на „Неделата за борба против трговија со луѓе"
СЕМПЕР секоја година од 2-9 декември од 2010 во континуитет до денес спроведува активности во рамки на неделата за борба против трговија со луѓе. Традиционална активност е организирање на Ликовна изложба на тема трговија со луѓе.

Проект: ,,Побарај помош и заштити се од семејно насилство” (поддржано од Општина Битола).
Период на реализација: Септември - Декември 2010 год.
Цел: Едукација на населението од руралните средини за семјното насилство и мерките на заштита во случај на семјно насилство .

Проекти 2009

Проект: „Препознај го семејното насилство"(поддржан од Општина Битола).
Период на реализација: Август-Декември 2009 год.
Цел: Подготовка и дистрибуција на информативно едукативен материјал за семејното насилство и информирање на граѓаните за проблемот на семјно насилство и заштитните мерки во случај на семејно насилство.

Проекти 2008

Проект: „„Програма за стабилизација на економската и социјалната положба на ранливите социјални групи што живеат во погранините региони. (поддржано од Владата на Норвешка и ИОМ).
Период на реализација: Април 2008 – Март 2009 год.
Цел: Општата цел на проектот беше да се придонесе кон напорите за намалување на појава на трговија со луѓе и нерегуларна миграција со завземање на проактивен став и упатување кон оние фактори коишто придонесуваат кон оваа појава.

Проекти 2007

Проект:„Препознај ја трговијата со луѓе”( со поддршка на Министерството за финансии )
Период на реализација: Август- Декември 2007 год.
Цел: Едукација на ученици од основните училишта од Битола и претставници од родителските совети за проблемот на трговија со луѓе.

Проект: „СЕМПЕР 2007 подигнување на јавната свест“
Период на реализација: Август - Декември 2007 год.
Цел: Eдукација на здравствен персонал за проблемот на трговија со луѓе и подигнување на јавната свест кај пограничното месно население на Македонско - Грчката граница и студентите од универзитетот ,, Св. Климент Охридски” од Битола .(поддржано од ОБСЕ)

Проект:„Прекугранична акција за заштита на децата и жените жртви и потенциалните жртви за трговија и експлоатација”
Период на реализација:Јануари - Декември 2007 год.
Семпер во соработка со АРСИС Грција го релизира проектот . Проектот има регионален карактер и се реализираше во Грција, Албанија, Бугарија и Македонија.

Проекти 2006

Проект: "Да помогнеме во процесот на реинтеграција на децата жртви на трговија со луѓе”(поддржано од Амбасадата на САД ).
Период на реализација: Октомври 2006-Март 2007 год.
Цел: обука на претставници од 10 невладини организации од Битола, Струга, Тетово, Скопје, Струмица, Гевгелија, Кичево, Охрид, Крива Паланка и Кочани. Претставниците од 10 НВО ќе бидат тренирани низ обука за имплементација на Програмата за ресоцијализација и реинтеграција на деца жртви на трговија која е подготвена од Министерството за труд и социјална политика.

Проект: "Јакнење на капацитетот на локалните коалиции за борба против трговија со луѓе,, (поддржано од ОБСЕ).
Период на реализација: Јуни 2006- Декември 2006 год.
Цел: Зајакнување на капацитетот на 6 локални коалиции за борба против трговија со луѓе од Битола, Струмица, Гевгелија, Куманово, Струга и Тетово формирани во периодот од 2003 до 2005 година.

Проект: СЕМПЕР во соработка со Центарот за социјална работа во Битола поддржани од ИОМ и Владата на Финска го реализираа проектот ,,Навремена превенција, најдобра превенција,,окалните коалиции за борба против трговија со луѓе,, (поддржано од ОБСЕ).
Период на реализација: Февруари - Март 2006
Целна група: Mлади на 15-18 години од Битола, Ресен, Прилеп, Демир Хисар и Охрид. Проектот вклучуваше едукација и дистрибуција на информативно едукативен материјал.

Проект: „Формирање и градење на коалиции“, (поддржано од ОБСЕ)
Период на реализација: Ноември-Јануари 2006 год.
Цел: Овој проект има за цел да го зајакни капацитетот на Битолската Коалиција , и да формира коалиции во два други погранични градови Струмица и Гевгелија, Да се објави водич чекор по чекор ,, Како да се формира Локална коалиција,, креирање на веб страна на СЕМПЕР и на Коалицијата. Во Декември Семпер иницираше формирање на две коалиции во Струмица и Гевгелија , со што во Р.М сега има шест Локални Коалиции за борба против трговија со луѓе.

Проекти 2005

Проект: „Да се спротивставиме на трговијата со луѓе“( СЕМПЕР во соработка со Центарот за социјална работа во Битола поддржани од ИОМ и Владата на Финска)
Период на реализација: Декември 2005 год.
Цел: обука на 80 професионалци (социјални работници, педагози).

Проекти 2004

Проект: "СОС линија за информации и помош на жртви од семејно насилство " (поддржан делумно од Општина Битола и самофинансирање )
Период на реализација: Во континуитет од Октомври 2004 год. до 2014 год.

Проект: „Трговијата со луѓе е реалност, може да ти се случи и тебе”, (поддржано од Амбасада на САД)
Период на реализација: Септември 2004 - Јуни 2005 год.
Цел: Со овој проект беа опфатени средношколци од Битола кои беа едуцирани за проблемот на трговија со луѓе преку интерактивни работилници и информативно едукативен материјал. Истотака беше изготвен и ТВ клип и мултимедијално ЦД.

Проект: Стоп за модерното ропство - Градење на коалиции и подигнување на јавната свест ( поддржано од ОБСЕ)
Период на реализација: Април - Декември 2004 год.
Цел: СЕМПЕР организира средби на Коалицијата кои помагаат за зајакнување на соработката и координацијата помеѓу релевантните институции за борба против трговија со луѓе и воспоставуивање на континуирана соработка со релевантните локални и национални институции. Исто така проектот имаше за цел подигнување на јавната свест и прифаќање на проблемот од граѓаните на Битола, промоција на локални иницијативи за решавање на проблемот и воспоставување врска помеѓу експертите од НВО и младите во Битола во борбата против трговија со луѓе.

Проекти 2003

Проект: ,,Препознај и делувај против трговијата со луѓе и илегална миграција,, (поддржано од ИОМ и Амбасада на Франција во РМ).
Период на реализација: Ноември 2003 год.
Цел: Сензибилизирање јавноста за проблемот на трговија со луѓе, да се воспостави координација помеѓу професионалците кои работат во владиниот и невладиниот сектор, да се едуцираат младите лица, особено невработените млади девојки, и социални работници, социолози, психолози и др. во регионот на Битола, Прилеп и Ресен.

Проект: „Стоп за модерното ропство-Трговијата со жени“ (поддржано од ОБСЕ).
Период на реализација:Септември - Декември 2003 год.
Како дел од проектот , СЕМПЕР иницираше создавање на Коалиција за Борба против трговија со луѓе со клучните фактори во борбата против трговијата со луѓе. Коалицијата беше креирана на 14.11.2003 год. и беше составена од професионалци од локалните институции од општината Битола (судство, јавно обвинителство, полиција, центар за социјална работа, локална самоуправа, царинска управа, Биро за развој на образование, НВО и млади).

Семпер во 2003 беше партнерска организација со Отворена порта, Ла Страда-Македонија и ,,Среќно детство” во реализација на проектите ,,НВО мрежа и заедничка кампања за подигнување на јавната свест во борбата против трговијата со луѓе,, и ,,Формирање на мулти-инстуционални тимови” поддржано од Институтот за Трајни Заедници.