ОБУКИ ЗА ПИЕР ЕДУКАЦИЈА
Здружението ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ “СЕМПЕР” – Битола во рамките на проектот “Вклучи се во превенцијата, трговијата со луѓе е реалност” успешно реализираше две дводневни обуки за Врсничка едукација за 38 ученици од 19 основни училишта од Општините Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар. Главна цел на проектот е активно вклучување на младите луѓе во борбата против трговијата со луѓе, како и придонес во информирањето на учениците и наставниот кадар од основните училишта во врска со прашањата поврзани со трговијата со луѓе.
Проектот е финансиран од Европската Унија врз основа на Грант Договорот помеѓу Здружение ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ “СЕМПЕР” – Битола и CFCD – Министерство за Финансии на Р.Македонија. Со цел зајакнување на капацитетот на образовните институции во Пелагонискиот регион за справување со трговијата со луѓе, Здружението за ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ “СЕМПЕР“ – Битола во наредниот период ќе реализира и обуки за едукација на 38 стручни соработници и наставници од 19 основни училишта од Општините Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар. Исто така, проектните активности предвидуваат уште 2 еднодневени обуки за врсничка едукација, како и интерактивни работилници кои ќе се одржат во 19 основни училишта од Општините Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар и на кои учениците ќе имаат можност да го пренесат стекнатото знаење на своите врсници.,Успешното имплементирање на овој проект ќе придонесе во имплементацијата на Локалниот акционен план за превенција од трговија со луѓе на Општина Битола, подигнување на јавната свест за присутноста на проблемот, како и намалување на бројот на жртвите на трговија со луѓе во Р.Македонија.