Одбележана Неделата за борба против трговијата со луѓе

Одбележана Неделата за борба против трговијата со луѓе

По повод Неделата за борба против трговијата со луѓе Здружението ,,ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ – СЕМПЕР” на 7-ми декември 2012 год. во ОУ ,,Св. Климент Охридски” организираше изложба на детски ликовни творби на тема ,,трговија со луѓе “. Ликовната изложба беше организирана по повод одбележувањето на Неделата за борба против трговија со луѓе која секоја година се одбележува од 2-9 декември. Семпер, повеќе години наназад се вклучува во активностите за одбележување на неделата за борба против трговија со луѓе на ниво на Р.Македонија.

Оваа година во рамките на неделата беше организирана и изложбата на ликовни творби кои беа изработени од учениците од 7-мо и 8-мо одделение од основните училишта од Битола за што претходно беше објавен и награден конкурс. На конкурсот пристигна повеќе од 100 ликовни творби од кои беа наградени 3. Исто така на овој настан беа доделени и 20 пофалници за учесниците учесници во ликовниот конкурс.

Преку своите цртежи учениците на многу креативен начин ја презентираа темата – трговија со луѓе, покажаа дека имаат информациии за повеќе видови на експлоатација во процесот на трговијата со луѓе.

Comments are closed.