Одбележaни ,,16 меѓународни денови активизам против насилството врз жените”
По повод ,,16 меѓународни денови активизам против насилството врз жените” кои се организираат од 25-ти Ноемви до 10-ти Декември, Здружението ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ - СЕМПЕР од Битола организираше повеќе настани. Со почетокот на кампањата на 25-ти Ноември во соработка со Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Битола имаше отворен штанд пред плоштадот на Магнолија кога и дистрибуираше информативен материјал за пошироката јавност на Битола за темата семејно насилство.
Исто така На 26-ти Ноември во Локалната смоуправа беше организирана тркалезна маса на тема: ,,Семејното насилство и институционалната заштита на жртвите на семејно насилство”, на истата присуствуваа членови од Комисијата за еднакви можности, претставници од Советот на Општина Битола, претставници од стручните тимови од психолошко педагошките служби во Основните училишта, претставници од Секторот за внатрешни работи Битола – одделението за превенција и претставник од судот. Целта беше да се проговори за семејното насилство кое од година во година е во постојан пораст но и да се разменат искуства во однос на заштитата на жртвите се со цел да се унапреди соработката помеѓу надлежните институции. На истата како краен заклучок произлезе дека во Битола неопходно е да се формира и Координативно тело за справување со семејното насилство како општествен проблем во кое учество треба да земат клучните институции и НВО.
СЕМПЕР како членка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство на 6.12.2012 организира и јавна дебата со тема: „Насилството врз жените – колку оваа појава се препознава во нашето општество”со претставници од повеќе институции во Битола.
Целта и на оваа јавна дебата е да се увидат локалните потреби на жените како и состојбата во однос на семејното насилство во општина Битола.