Презентација на тема: “Трговија со луѓе” и дистрибуција на информативно едукативен материјал
По повод Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, Здружението ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ СЕМПЕР на 16-ти Октомври 2013 год. во салата на Општина Битола организира презентација на тема ,,трговија со луѓе” за претставниците на Комисијата за еднакви можности на мажите и жените и претставници од Советот на Општина Битола.
Исто така, на 18-ти Октомври од 11:30 до 13:00 часот на ,,Широк Сокак” тимот на Семпер со ученици од основните и средните училишта организираше акција за дистрибуција на информативно едукативен материјал за пошироката јавност на Битола. Целта на овие активности беше да се придонеси во подигнувањето на јавната свест за присутноста на проблемот и да се поттикнат сите надлежни институции активно да се вклучат во превенцијата од трговија со луѓе и трудовата експлоатација како една од формите на трговија со луѓе.