Невладината “СЕМПЕР” вклучена во нов проект

Невладината “СЕМПЕР” вклучена во нов проект

Здружението за еднакви можности СЕМПЕР од 01.01.2021 год. до 31.12.2021 год. е една од осумте партнерски организации ( ЖГИ Клеа, Организација на жени на Општина Велес, Организација на жени на општина Свети Николе, Женска Акција Радовиш, Скај Плус Струмица, Визија Кавадарци и Кортекс Тетово) на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство која е вклучена во реализација на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жртви од насилство“ финансиран од Австриската агенција за развој (АДА) со средства на Австриската развоја соработка. Активностите ќе се спроведуваат во Битола, Прилеп, Велес, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Кавадарци и Тетово и опфаќаат процена на потребите на жени жртви на локално ниво, креирање локални Програми за реинтеграција на жени жртви и застапување пред надлежните институции со цел истите да алоцираат финансии и воспостават услуги за реинтеграција на жените жртви на насилство.

Comments are closed.