Пристапност на специјализираните сервиси за помош на жртви на родово базирано насилство во Пелагонискиот регион

Пристапност на специјализираните сервиси за помош на жртви на родово базирано насилство во Пелагонискиот регион

Здружението за еднакви можности СЕМПЕР од Битола, од август 2021 год. почна со реализација на проектот „Застапување за обезбедување на пристапни сервиси и жртви на родовобазирано насилство и семејно насилство во Битола – Пелагониски регион” кој се реализира со финансиска поддршка од Фондацијата Квина тил Квина (Kvina till Kvina Fondation) истиот e во рамки на проектот  „На патот кон ЕУ: Спречување на насилство врз жените во Република Северна Македонија” спроведуван од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

За целите на проектот се направи анализа на состојбата со родово базираното насилство и пристапноста на специјализираните сервиси за помош на жртвите на родово базирано насилство и нивните деца. Анализа ќе ја отслика фактичката состојба со достапните услуги  односно специјализираните сервиси за жртвите на родово базираното насилство како и состојба со насилството врз жените во Пелагонискиот регион и истата ќе биде скоро презентирана пред надлежните институции во Пелагонискиот регион.

За таа цел СЕМПЕР во периодот кој следи  ќе ги презeнтира наодите со предлог политика пред надлежните институции со цел локалните власти да го подобрат постоечкиот систем на заштита и поддршка на жените жртви на семејно на локално ниво согласно  Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство.

Comments are closed.