Светски ден против трговијата со луѓe

Денес по повод Светскиот ден против трговијата со луѓе членови на СЕМПЕР организираа улична акција за дистрибуција на информативно едукативен материјал на Широк Сокак во Битола. Целта на акцијата која СЕМПЕР ја организира по повод Светскиот ден против трговијата со луѓе беше да се придонеси во подигнувањето на јавната свест за присутноста на проблемот и да се поттикнат сите надлежни институции активно да се вклучат во превенцијата пд трговијата со луѓе. Акцијата беше поддржана од Општина Битола.

   Проект: „Заштита, подобрување, учество, едукација и информирање“ 

    Целта на проектот е превенција, едукација и заштите од ученичко насилсто(силеџиство). Проектот содржи иновативни активности за едукација, подигнување на јавната свест и тренинг наменет за ученици, наставници и родители против ученичкото насилство. Проектот се реализира во партнерство на 5 граѓански организации од Македонија ( Здружение за еднакви можности СЕМПЕР), Грција ( The Smile of the Child Ellenogermaniki Agogi Sholi Panagea Savva AE), Романија(Asociatia Direct), Бугарија(Nadja Centre Foundation) и Шпанија( Аssociation Catalana de Formacio Polivalent Aplicada Baobab).

Поддржан: Програма на ЕУ од Програмата на Ерасмус +
Период на реализација: јануари 2017- август 2019

Проект: „Учиме заедно преку цртеж “

Целта на проектот е поголма информираност на учениците од основните училишта за проблемот на трговија со луѓе и нивна заштита од истиот и имплементација на Локалниот акциски план за борба против трговија со луѓе и илегална миграција 2017-2020 год.

Поддржан: Општина Битола
Период на реализација: јули-декемврзи 2017