Здружение ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ СЕМПЕР е невладина, непартиска, непрофитна организација која е основана на 21.06.2002 година. Со одлука на Министреството за Труд и социјална политика на Р.М во Јули 2005 год. е реги-стрирана во регистерот на граѓански организации кои што работат на полето на социјална заштита.

Мисија

     Иницијативи за еднакви можности за учество на сите граѓани во сите сфери од опшествениот живот, обезбедување на целосно уживање на сите човекови права, живот без насилство и елиминирање на секаков вид на дискриминација.
Мото: Живот без насилство и еднакви можности за сите

Достигнувања

       Од формирањето на организацијата во Јуни 2002 СЕМПЕР отпочна со активности поврзани со борбата против трговијата со луѓе. Семпер покрена иницијатива во Декември 2002 за промовирање на општина Битола како град против трговијата со луѓе. Оваа иницијатива беше поддржана од ИОМ и Одделението за родова еднаквост при Министерството за труд и социјална политика.
      Во Ноември 2003 СЕМПЕР ја формира првата Локална коалиција за борба против трговија со луѓе во Р.Македонија со претставници од сите клучни институции за борба против трговија со луѓе
      На 14 Јули 2004 Семпер ја организира првата работна средба со Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Владата на Р.М во Битола. На средбата присуствуваа: Градоначалникот на Битола, претставници на Локалната коалиција, дипломатско-конзуларните претставништва во Битола и Меѓународни организации.
     Од 2004 – 2014 година во СЕМПЕР функционираше и СОС линија за информации за помош на жртви од семејно насилство со самофинансирање и повремено со пддршка на Општина Битола.
    Од 2007 год. Семпер членува во Секретаријатот на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Владата на Р.М.
    Во 2010 год. СЕМПЕР го изготви првиот Локален акционен план за превенција од трговија со луѓе во Р.М за периодот 2011/2012 и истиот беше усвоен од Советот на Општина Битола.